blagoduskakerim

Керим vs Благодушка: Недела на Благодушка Марулова – понеделник (Видео)

Охрид, 11. април 2016 (ОХРИДПРЕС) – Откако во периодот од јули 2015-та до јануари 2016-та имавте ретка можност да слушате „осврти“ на моменталните состојби во градот, земјата и светот, низ призмата на една од охридските легенди, популарниот Керим, сега е време за нешто сосема друго.

Сигурно сте слушнале за Благодушка Марулова, според многумина измислен лик, кој за многу брзо време стана вистински хит на Фејсбук. На профилот кој повеќе не е активен имаше фотографии од една девојка, а печатните грешки и стилот на изразување направи бројот на фанови да се искачи до скоро 15 илјади.

Затоа, а во име на ставање на барем малку насмевка на вашите лица во ова лудо време, екипата на Супер радио го ангажира својот редовен соработник Керим да чита дел од статусите и пораките на Благодушка. Керим, Благодушка и музиката на Клајдерман на едно место, доколку вашиот радио приемник е „наштиман“ на 97.00 Mhz на FM скалата, можеби не слушате на www.superradio.com.mk или се читаме на www.ohridpress.com.mk.

Транскрипт на одбраниот статус на Благодушка, интерпретиран од страна на Керим:

– Ако некоја девојка правела сексовина,

не значе дека не је невина…

гас емитикон…

Во периодот од јули 2015-та до јануари 2016-та година имавте можност да ги слушате охридските/ohridskite „вести“ во КЕРИМ News, кои се емитуваа секој ден во 09:00, 13:00, 17:00, 01:00 и 05:00 часот на Супер радио. На OhridPress имате и транскрипт од „вестите“, но и видео материјал. Сите вести ќе можете да ги погледнете ОВДЕ, но и на официјалните Facebook страни на Супер радио и OhridPress. (Крај).
извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес