blagoduskakerim

Керим vs Благодушка: Недела на Благодушка Марулова – вторник (Видео)

Охрид, 12. април 2016 (ОХРИДПРЕС) – Откако во периодот од јули 2015-та до јануари 2016-та имавте ретка можност да слушате „осврти“ на моменталните состојби во градот, земјата и светот, низ призмата на една од охридските легенди, популарниот Керим, сега е време за нешто сосема друго.

Сигурно сте слушнале за Благодушка Марулова, според многумина измислен лик, кој за многу брзо време стана вистински хит на Фејсбук. На профилот кој повеќе не е активен имаше фотографии од една девојка, а печатните грешки и стилот на изразување направи бројот на фанови да се искачи до скоро 15 илјади.

Затоа, а во име на ставање на барем малку насмевка на вашите лица во ова лудо време, екипата на Супер радио го ангажира својот редовен соработник Керим да чита дел од статусите и пораките на Благодушка. Керим, Благодушка и музиката на Клајдерман на едно место, доколку вашиот радио приемник е „наштиман“ на 97.00 Mhz на FM скалата, можеби не слушате на www.superradio.com.mk или се читаме наwww.ohridpress.com.mk.

Транскрипт на одбраниот статус на Благодушка, интерпретиран од страна на Керим:

– Моето срце за тебе чука,

се` во животот сам заработела со мука,

мајка ми секој сабајле со правосмукалка смука,

додека тате со боксој мене ме пука,

кутрата Благодушка на Фејсбук кука,

дали има некој што ме љуби и воли и шта хоче мене да ме задоволи

да ме мене вози со скапу колу

и да ме узме, да ме моли…

Во периодот од јули 2015-та до јануари 2016-та година имавте можност да ги слушате охридските/ohridskite „вести“ во КЕРИМ News, кои се емитуваа секој ден во 09:00, 13:00, 17:00, 01:00 и 05:00 часот на Супер радио. На OhridPress имате и транскрипт од „вестите“, но и видео материјал. Сите вести ќе можете да ги погледнетеОВДЕ, но и на официјалните Facebook страни на Супер радио и OhridPress. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес