Охрид навечер

Латино групата Cubano Soy ќе ги разубави празниците во кафе барот Кадмо

Охрид, 26. април 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во недела, за Велигден и Први мај, во објектот на кафе барот Кадмо, концерт ќе одржи латино групата Cubano Soy band.

За сите охриѓани кои сакаат да се забавуваат на звуците на кубанската музика, ќе има нова салса забава со популарното кубанско трио Cubano Soy. Cubano Soy досега повеќе пати гостувале во Кадмо, а овој пат ќе ја разубават празничната атмосфера.

Забавата во Кадмо кафе бар ќе биде со почеток во 22 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука