Хроника

Пронајдено оружје во возило на патот Охрид-Кичево

Охрид/Кичево, 6. мај 2016 (ОХРИДПРЕС) – На 4-ти овој месец на магистралниот пат Охрид-Кичево, во населбата Горица, од полициски службеници од полициската станица Кичево било запрено возило управувано од М.Н.(33) од Скопје, а како сопатник бил затекнат Ф.А.(43) од с.Кондово-Скопје.

При извршен личен преглед на лицата и возилото, во возилото помеѓу двете седишта бил пронајден пиштол „ЦЗ“ М-70 калибар 7,65мм со рамка со осум куршуми калибар 7,65мм, кои го поседувале без одобрение. Лицата се приведени и задржани во полициската станица – Кичево за понатамошна постапка. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука