Uncategorized

Во Охрид и Струга ќе се одбележи Националниот ден на Власите

Охрид, 21. мај 2016 (ОХРИДПРЕС) – Здруженијата на Власите од Охрид и Струга оваа година заеднички ќе го одбележат 23-ти мај, Националниот ден на Власите.

23-ти мај е денот кога кога во 1905 година, турскиот султан Абдул Хамид Втори, за прв пат ги признал Власите како посебен народ, со право да се образуваат на својот мајчин јазик, да имаат право на одржување на богослужба на влашки јазик, да публикуваат книги и списанија на влашки јазик i да имаат свои инспектори по училиштата.

– Влашката заедница, кај нас е присутна со векови, и е тесно поврзана со целокупната историја на македонскиот народ. Власите во Република Македонија, секогаш, со своите соседи го делеле доброто и злото, убавото и лошото, а со своето активно ангажирање и лојалност дале голем придонес во развојот, информираат организаторите на прославата.

Во Охрид и Струга постои голема влашка заедница. Националниот ден на Власите ќе се одбележи со заеднички настан кој ќе се одржи во понеделник (23-ти мај), во 18:00 часот во колеџот „Јахја Кемал“ во Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука