ЕКОЛОГИЈА Избор

Акцијата „Форматирај за поздрава иднина“ започна во Охрид

Охрид, 31. мај 2016 (ОХРИДПРЕС) – Акцијата „Форматирај за поздрава иднина“ организирана од „Екоцентар 97“ и Сојузот на Ротари клубовите на Македонија која почна овој месец во Охрид, успеа да генерира 4.020 килограми електронски отпад.

Акцијата во која се вклучуваат сите Ротари клубови од Македонија се спроведува како заеднички еколошки проект на цела територија на Република Македонија и ќе креира модел за генерирање на средства кои понатака би се вложувале во проекти за заштита на животната средина.

– Сите Ротари клубови се подготвени за акцијата за собирање на електронски и електричен отпад, која на втори и на 3-ти јуни ќе се реализира во Кочани, во организација на Ротари клубот Кочани-Виница. Освен компаниите ги повикуваме и граѓаните да го предадат својот електричен и електронски отпад на „Екоцентар 97“ кој понатаму соодветно ќе постапи со него. Да го дадеме сите својот придонес кон зачувување на животната средина, изјави Аница Палацо координатор на Сојузот на Ротари клубови на Македонија.

Во оваа акција се регрутирани сите управители или сопственици на компании што се дел од мрежата на Ротари, кои сакаа да ја искористат можноста да бидат лидери во имплементирање на Законот за управување со електрична и електронска опрема, минимизирајќи го негативното влијание на е-отпадот врз животната средина и давајќи пример за општествена одговорност и придонес на чиста и здрава животна средина. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука