Избор Партии

ЛДП: Бизнис поединци ќе профитираат на Плаошник, Студенчишта, Заум…

Охрид, 26. февруари 2015 (ОХРИДПРЕС) – Сериозно сме загрижени за градежните планови кои се однесуваат на најчувствителните локации во Охрид, реагираат од ОО на ЛДП од Охрид.

– Последниве недели јавноста е запрепастена од планираната урбанизација, почнувајќи од ридот кај Плаошник, за која зборувавме уште во 2011 година како партија, преку планирање на патеката и бетонирањето на Студенчишко Блато, завршувајќи со изникнатата градба, кај една од најзначајните локации, како од верски така и од археолошки апсект, во месноста викана Заум. ЛДП нема намера да остане нема на ваквите планирани дејствувања во Охрид, уште повеќе нема да и дозволи централната власт кога станува збор за државно земјиште, како и локалната власт кога станува збор за земјиште кое му припаѓа на градот да се однесуваат како да е наследство од нивните родители, стои во дописот до медиумите од ЛДП од каде додаваат дека преку својот институционален претставник во советот на општина Охрид, Дејан Блажески, на следната седница на советот ќе предложи точка на дневен ред во која треба да се разлгедаат овие горки теми, истовремено, упатувајќи и покана до министерот од Прилеп Миле Јанакиевски кој треба да одлучува за Охрид, за присуство.

Од ЛДП ги повикуваат и граѓаните за поддршка преку формите кои допонително ќе бидат договорени, доколку не се покаже слух и се дозволи, наводно бизнис поедници да профитираат на сегашноста од граѓаните и на иднината од поколенијата.

– Ја прашуваме локалната самоуправа дали МПЦ обезбеди план за градба и дали на Охрид веќе сериозно му се заканува Студенчишта 2015 ако Скопје го имаше Скопје 2014? ЛДП ги прашува одговорните од Заводот и Музеј – Охрид, дали онака изградениот објект во Заум значи заштита на културното наследство и автентичност и дали пред изработка на проектот за ревалоризација на тој простор треба да никнуваат градби? Од друга страна, доколку не беше една случајна фотографија на социјалните мрежи немаше да знаеме што се случува во Заум. Оттаму се провлекува и прашањето за колку вакви „легални“ градби допрва и што е најважно многу доцна ќе дознаваме, реагираат од ОО на ЛДП од Охрид. (Крај)

извор: ЛДП фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука