Овој петок Јелена Розга на плажата „Кадмо“
Охрид, 27. јуни 2016 (ОХРИДПРЕС) – На барање на нејзините обожаватели, атрактивната сплиќанка Јелена Розга годинава повторно настапува во Охрид, во Kadmo beach and club.
Овој петок, први јули во Кadmo beach and club таа со својот сексапилен изглед, нежниот, но моќен вокал и атрактивниот настап, дефинитивно ќе направи забава за паметење.
Ќе ги слушнеме нејзините најголеми хитови како „Нирвана“, „Соло играчица“, „Бижутерија“, „Размажена“, „Роба са грешком“, „Циркуз“, „Цунами“, „Живот је чудо“, како и дел од најголемите хитови од репертоарот на нејзината некогашна група „Магазин“, чиј вокал Розга беше со години.
Резервирајте го вашето место во познатиот и атрактивен летен клуб Kadmo beach and club на телефонските броеви 078/225-633 и 078/288-365. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |