Култура

Софискиот адвокат Цветанов пред триесет години ја најави енергетската моќ на „црните дупки“ во вселената

Софија, 8. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Литературата како предизвик за научните откритија софискиот адвокат Цветан Цветанов пред триесет години во расказ ја најави енергетската моќ на „црните дупки“ во вселената.

Науката често црпи идеи од научната фантастика, или можеби е подобро да се каже дека фантастиката оди пред науката. Автори на невидени светски феноменин се горди кога идеите родени во нивната имагинација созреваат и во умовите на научниците. Адвокатот од Софија Цветан Цветанов со гордост предвидел дека енергијата на „црните дупки“ во вселената може да бидe употребенa за патување низ времето и просторот.

Неговиот расказ „Колапс“ бил објавен во весникот „Народна младеж“ во далечната 1987 година и во него ја предвидел можноста енергијата на космичкиот феномен на „црните дупки“ да се користи како вечен подвижник за патување во вселената. Со овој феномен се занимавале генијалниот Стивен Хокинг, рускиот научник Александар Казикин, но нашиот балкански Жил Верн оваа идеја ја најавил уште пред 30 години! Во расказот е вклучен и симболичниот светски настан од 1987 година, кога во Загреб е роден Матеј Гашпар, петмилијардитиот жител на планетата. Тоа ја најавува визијата на генерацијата од пред 30 години, во иднина да се случи потенцијална средба на луѓето од Земјата со претставници на други понапредни цивилизации.

К О Л П С

Научнопопуларен расказ

Дејв погледна низ телескопскиот екран кон вселената. Таму лебдеше Н2, синозелена крушовидна планета, што беше цел на неговиот лет. Според далечинскиот компјутер, до планетата преостануваа скоро уште еден милион километри и по половина час Дејв требаше да лебди околу елиптичната планета.

Тој го вклучи референтниот монитор, на кој се појави куса информација: „Н2, една од деветте планети на ѕвездениот систем Реа.Формирана е пред 4,6 милијарди години, со атмосферска обвивка од 71 проценти азот и 21 проценти кислород. Населена со животински и растителни организми,со високи хуманоиди, со температурна граница на животот од 36,0,до – 41,0 степени Ц. Организирани во општества поделени на национални,социјални и територијални знаци. Основни единици за известување на времето часови, денови, месеци и години.Според важечкиот календар на Н2, сега е 1987 година“.

Дејв го исклучи мониторот и побара врска со Базата. На настојчивите повици среде хаотичната вселенска бучава, најпосле одговори далечен метален глас.

„Овде Еридан, Централна база. Персоналот не е на работните места, сите спијат“. Дејв се здрви, дозна дека се јавува сервисен робот, кој не можеше да ги разликува состојбите на сонот од смртта.

Најстрашното стана факт. На Еридан сите беа мртви!

Дејв беше жител на ѕвездениот систем Еридан, цивилизација што ја имаше совладано енергијата во рамките на целата Галаксија.
Ериданците крстосуваа низ Вселената и имаа феноменални технолошки достигнувања. Тие се чувствуваа како потполни господари на Вселената, кога се случи ужасна трагедија. Поради постојаната употреба на термојадрени енергии, расата им доби неповратна генетска мутација, со целосно распаѓање на заштитните сили на организмот. Ериданците почнаа да умираат и големата цивилизација беше осудена. Кога од нив останаа малкумина живи, одлучија знаењата да ги пренесат на собраќата по разум. По долги колебања, изборот падна на цивилизацијата населена на Н2. За реализација на мисијата беше задолжен Дејв, кој беше единствениот Ериданец, способен за лет.

…Фотонското вселенско летало обиколуваше околу Н2. Дејв на телерадарот внимателно ја набљудуваше планетата и размислуваше каде да се приземји. Слетувањето сигурно ќе ги збунеше и исплашеше жителите на Н2. Освен тоа требаше да внимава да не се повтори инцидентот што се случи пред 40 години со друг еридански екипаж,кој настрада во една пустинска област на Н2. Големи опасности криеше и бродот, управуван од Дејв. Тоа беше апарат од сосема нова генерација,фантастично заштитен. Во задниот дел од гравитацискиот контејнер се наоѓаше абоносово црна топка, со дијаметар од неколку сантиметри. Топката што впиваше секаква светлина и содржеше пет милијарди тони материја, беше „црна дупка“, едно од чудата на Вселената, под интелектот на Ериданците и искористено како колосален извор на енергија. При катастрофи на погодни ѕвездени летала „црната дупка“ избувнуваше со демонска сила и во неа својата смрт ја наоѓаа цели сонца и планети. Продолжуваше гигантски колапс.

Сообразувајќи се со тоа, Дејв реши да не ризикува и да го најави пристигнувањето преку видеопорака. Го притисна копчето на пултот. На широк екран, едноподруго, се појавија телевизиските програми од Н2. На една од нив, емитуваа вести и Дејв ја избра како погодна за преку неа, по завршувањето, да ја емитува видеопораката.

Водителката ги информираше гледачите: ,,Денеска, на 11 јули 1987 година, населението на нашата планета стана пет милијарди. Петмилијардитиот жител се роди во седум часот во Загреб. Тој тежи 3,6 кг. и се вика Матеј Гаспар.“ Дејв се насмевна. Во убав миг сакаше да се случи епохалната средба со жителите на Н-2. Во меѓувреме, се смени сликата. Покажуваа некакви суштества, слични на хуманоиди. Тие ги пружаа беспомошно рацете кон пакетите со храна.

cvetancvetanov2

Зад кадарот водителката коментираше: „Милиони луѓе во светот, двајца од секој трет, страдаат од неисхранетост, стотици илјади умираат.“ Сликата пак се промени и на екранот застана некаков важен раководител, кој држеше говор: „Како претседател на земјата, избрана да ја определи судбината на планетата, јас изјавувам дека изработените од нас хемиски, ексимерни и рентгенски ласери со седиште во вселената, се најсигурна гаранција за светскиот мир. За таа цел имаме издвоено финанскиски средства од две милијарди … “.
Дејв беше поразен од слушнатото. Огромната болка што го обви од разочарувањето, бараше завршно решение. Цивилизацијата на Н-2 не беше достојна да ги користи големите достигнувања на Еридан. Сега Дејв имаше само еден избор и тој ги вклучи фотонските двигатели… Дваесет и четири часа подоцна, во следните информативни емисии на телевизиските програми што се емитуваа на Н-2, пренесоа две интересни пораки. „На симпозиум во Вашингтон беше соопштено дека пред четириесет години, на втори јули 1947 година, во државата Ново Мексико, близу до градот Розуел, паднал објект во форма на диск, кој се распарчил. Беа откриени и четири загинати човеколики суштества.“

Втората порака гласеше: ,,Научници од астрофизичките опсерватории во Крим и Грин Банк набљудувале ретка космичка појава – експлозија на супернова ѕвезда во близина на соѕвездието Ипсилон. Постои веројатност таму да се создадат услови за формирање на „црна дупка“ и да се случи кошмарен колапс од апсорпцијата на материјата … “

А вие дали сметате дека нашата вселенска осаменост може да го најде своето објаснување во слична приказна? И како ја замислувате средбата со туѓи цивилизации?

Цветан Цветанов (Крај)

извор: авторски текст Цветан Цветанов фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука