Државен санитарен и здравствен инспекторат: Градовите низ Македонија преземаат мерки за превенција од внесување на вирусот Зика
Скопје/Охрид, 13. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Од страна на Државниот санитарен и здравствен инспекторат се задолжени сите општини да вршат дезинсекција против комарци согласно акцискиот план. Досега имаше авионско прскање против комарци во Скопје, Куманово, Струмица, Велес, Охрид, Гевгелиско, Кочанско и останатите региони во државата.
Денес и утре екипите на Центарот за јавно здравје Охрид спроведуваат теристичка дезинсекција против комарци. Запрашувањето ќе се врши во период од 21 до 06 часот со апарат за УЛВ ладно запрашување. Со дезинсекцијата ќе биде опфатено Охридското крајбрежјето на потег од с. Подмолје до комплексот Св. Наум, територијата на град Охрид – потег на река Грашница и Коселска Река.
Надлежните служби во Македонија веќе презедоа мерки со цел превенирање на можноста за внесување на оваа вирусна инфекција.
До сите матични лекари и до центрите за јавно здравје се дистрибуирани едукативни материјали со основни податоци за вирусот и превентивни мерки за заштита. Препораките до граѓаните се да постават мрежи на прозорците за заштита од комарци, да го мачкаат телото со средства против убоди од инсекти, да ги отстрануваат застоените води од дворовите.
Лицата што патуваат во ризичните земји за вирусот зика треба да ги применуваат личните превентивни мерки. (Крај)
извор: МИА/ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |