Економија Избор

Лица со посебни потреби преку неготинска „Порака” летуваа во Охрид

Охрид, 23. јули 2016 (ОХРИДПРЕС) – Изминатите денови 40 лица со посебни потреби летуваа во Охрид, во организација на Здружението за помош на лица со ментален хендикеп „Порака” од Неготино, информираат од здружението, кое го спроведува процесот на деинституционализација во Македонија, или вадење на лица со попреченост од гломазни институции и сместување во станбени единици од по неколку членови.

– Се работи за 40 лица со посебни потреби од станбените единици кои веќе неколку години ги координира нашето здружение, а се наоѓаат во Неготино и Скопје. Летувањето беше во Љубаниште, а за се да биде во најдобар ред се погрижија и неколку донатори, соопшти Верица Ташева, раководител на Службата за организирано живеење со поддршка.

Таа нагласи дека летувалците имале можност да се запознаат со историските и културните знаменитости на Охрид и да пловат по езерото.

– Наидовме на топол прием од домаќините, со што уште еднаш се потврди дека и лицата со хендикеп многу успешно можат да се интегрираат во општеството, додаде Ташева. (Крај)

извор: Лидер фото: Лидер

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука