nikojnigde

Охрид на колена, за 11 години заминале 7.860 лица, по двајца секој ден!!!

За Охридцките работи
Бр. сл. 021/08/2016
Охрид, 05. август 2016 година

Ништо не коментирам. Прочитајте ги бројките подолу и да поплачиме заедно на крај. Ако продолжиме со ова темпо за едно 30 години Охрид ќе го снема… буквално…

Ево јас ќе го оставам ова овде и нека ТрепкаТ…

Отселени граѓани од Република Македонија во други држави од Охрид:
2005 година – 260 лица
2006 година – 409 лица
2007 година – 9 лица
2008 година – 339 лица
2009 година – 537 лица
2010 година – 467 лица
2011 година – 803 лица
2012 година – 983 лица
2013 година – 534 лица
2014 година – 375 лица
2015 година – 384 лица
Вкупно: 5.100 лица

Вкупно отселени граѓани од Охрид:
2005 година – 452 лица
2006 година – 653 лица
2007 година – 220 лица
2008 година – 594 лица
2009 година – 802 лица
2010 година – 676 лица
2011 година – 1.069 лица
2012 година – 1.296 лица
2013 година – 766 лица
2014 година – 643 лица
2015 година – 689 лица
Вкупно: 7.860 лица

Вкупно отселени граѓани од Струга:
2005 година – 319 лица
2006 година – 707 лица
2007 година – 466 лица
2008 година – 300 лица
2009 година – 329 лица
2010 година – 280 лица
2011 година – 371 лица
2012 година – 437 лица
2013 година – 350 лица
2014 година – 353 лица
2015 година – 400 лица
Вкупно: 4.312 лица

Вкупно отселени од Дебрца:
2005 година – 70 лица
2006 година – 68 лица
2007 година – 24 лица
2008 година – 86 лица
2009 година – 104 лица
2010 година – 91 лица
2011 година – 167 лица
2012 година – 163 лица
2013 година – 77 лица
2014 година – 68 лица
2015 година – 69 лица
Вкупно: 987 лица

avionzaminuvaЗастанете сега и почнете да ги броите сите што ги знаете, а што се некаде далеку…

Многу а?

Се молат последните пред да заминат да ги тргнат осигурачите од Зимскиот центар, катните гаражи, новиот пазар, „бомбона бизнис“ светлата на асфалтираните патишта, комплексите во Студенчишта и Љубаништа од Субрата Рој, Домот за стари лица, индустриската во „Мауцкер“… Да не се троши струја, не за друго…

И палмите да ми ги вадите…

Денес (05.08.2016 година) една од Топ вестите во Охрид беше дека Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција поднесе обвинение против поранешниот градоначалник на Општина Охрид, Александар Петрески, кој е првоосомничен во случајот познат како „Јагула“. Тој рече: Невин сум!!!

Ај, со лес…

Сашо Митан

miodragzec**Податоците се од Државниот Завод за статистика и (за жал) се вистинити

**Фотографијата најгоре е снимена на 29-ти февруари во 19:34 часот, а коментарот на Фејсбук беше „Никој, нигде“…