univerzitetbitola

Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола донира парична помош за настраданите од поплавите

Битола, 10. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Универзитетот „Св. Климент Охридски“ – Битола го изразува своето длабоко сочувство со семејствата на загинатите и настраданите во невремето што во изминатиов период го зафати подрачјето на Скопје и околните места.

Со желба да им помогне на загрозените семејства, Универзитетот донесе одлука да издвои 200.000 денари парична помош што ќе биде упатена до жителите во најпогодените подрачја.

Истовремено УКЛО започнува акција за собирање помош што ќе се спроведува во сите високообразовни институции во составот на Универзитетот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива