pozarpubavgust1

Пожар во објект во центарот на Охрид

Охрид, 17. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Попладнево, нешто по 16:00 часот избувна пожар во објект на улицата „Македонски просветители“ во Охрид.

Противпожарната единица реагираше веднаш со две возила и успеа да го локализира пожарот. Неофицијално, пожарот избувнал во објект во приземјето на зградата.

Освен причинетата материјална штета, во пожарот нема повредени лица. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес