Свет

Силен земјотрес во централна Италија

Акумоли, 24. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во силниот земјотрес што ја погоди централна Италија биле урнати куќи и згради при што имало и затрупано луѓе.

Новинските агенции јавуваат дека имало десетина загинати. Земјотресот предизвика паника кај жителите во најтешко погодените градови Акумоли, Аматриче, Поста и Аргуата дел Тронто.

Градоначалникот на Акумоли Стефано Петручи за италијанската телевизија РАИ изјави дека биле оштени многу згради.

РАИ цитира извори во полицијата дека две лица загинале во близина на селото Пескара дел Тронто.

Серџо Пироци, градоначалник на малото гратче Аматриче исто така изјави дека имало големи штети од земјотресот.

– Половина од градот нема, рече тој, додавајќи дека имало луѓе под урнатините и дека дошло до лизгање на земјиштето.

Земјотресот предизвика сериозна штета во голем број градови и села, но се чини дека не биле погодени густо населени области. (Крај)

извор: 24 вести фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука