Спирковски: Во Дојранско Езеро има риби што потекнуваат од Амазон, но не се пирани
Охрид, 29. август 2016 (ОХРИДПРЕС) – Во Дојранското езеро нема пирани, туку се работи за риба-сродник, што личи и потсетува на пирана, но не е пирана. Се храни со растителни материи, инсекти и рипчиња, вели за порталот мкд.мк Зоран Спирковски, раководител на Одделението за практично рибарство и аквакултура во Хидробиолошкиот завод Охрид.
Според Спирковски, се работи за амазонски паку – црвеномешеста риба која е риба-сродник која личи на пирана.
– Луѓето ги чуваат во аквариуми. Нема простор за страв, бидејќи рибите се топловодни. Тоа значи дека ќе угинат кога ќе дојде зимската сезона, вели Спирковски.
Дел од медиумите вчера објавија дека повеќе рибари што ловат во Дојранско Езеро биле каснати од непозната риба, за која биле уверени дека е пирана, опасна риба што живее во јужноамериканските реки. (Крај)
извор: мкд.мк фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |