Забава

ДНК со нова песна и спот – „Најмила”

Скопје, 4. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Во месецот на жената, ДНК одлучија да ги изненадат своите фанови со претставување на својот нов сингл и спот, за песна која е едноставно е насловена како – „Најмила”.

„Најмилата“ на Панчо и Андреј во овој случај е, најпознатиот македонски топ модел во светски рамки, Катарина Ивановска.

Видео записот за „Најмила” се снимаше изминативе денови, на неколку локации во главниот град. Видео записот е дело на Томато Продукција. Спотот, заедно со синглот, ќе бидат пуштени во македонскиот музички етер во текот на месецот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука