Видеата на Даниел Јовески на YouTube прегледани повеќе од 26. милиони пати
Охрид, 24. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Видеата изработени под режисерска палка на познатиот охридски музичар, режисер и фотограф Даниел Јовески се прегледани повеќе од 26. милиони пати на сервисот YouTube.
– Среќен сум да објавам дека до денес, бројот на посетеност на видеата во моја режија на YouTube е 26.354.206. Се радувам што можам да го споделам ова лично достигнување со вас, напиша Даниел на неговиот профил на Facebook.
Покрај за македонските музичари, Даниел изработува видео спотови и за бројни уметници надвор од границите на Република Македонија, за што се закити и со награди на познати фестивали и манифестации во Албанија и Црна Гора. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |