Избор Охрид

Во црквата „Св. Троица“ се подготвува помош во храна за Бигорскиот манастир, помошта е добредојдена

Охрид, 24. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Верници од Охрид и Струга, во дворот на црквата „Св. Троица“ во населбата „Црногорци“ во Охрид и оваа година ја продолжија традицијата за помош на едно од најголемите светилишта во Република Македонија – обителта на Бигорскиот манастир.

Уште со крајот на минатиот месец тие подготвуваат храна за зимските месеци. Тогаш беа приготвени тестенини – губи и останати вакви производи, а деновиве се подготвува вкусен ајвар. Поради големите количини и обемот на работа, верниците апелираат до сите кои се во можност да им помогнат за да се заврши работата побргу.

– Благочестиви браќа и сестри. Денеска и во наредните два до три дена во Црквата „Св. Троица“ ќе се прави ајвар за помош на Бигорското братство и Рајичкото сестринство. Сите оние кои сакаат и се во можност да помогнат во овој хуман настан се добредојдени. Две раце можат повеќе, порачуваат од црквата. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука