Економија

Во хотел „Дипломат“ презентација на нова технологија за козметички услуги

Охрид, 28. септември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Компанијата „Magnetic Macedonia“ во рамките на презентациите низ градовите, утре во Охрид ќе одржи отворена презентација на најновата технологија на изработка украсни наливни нокти – Magnetic.

Презентацијата ќе биде утре од 11 до 15 часот во хотел „Дипломат“ Охрид.

За сите заинтересирани поединци и претставници од козметичките студија, ќе се одржи презентација на техниката air nails system и најновите пигменти за креирање на огледален ефект Magic Chrome Pigments.

– Air nails system е спреј техника за цртање со употреба на пиштол со воздушен притисок со кој можете да креирате различни нијанси на бои и дизајни. При создавањето на дизајнот се користат шаблони, каде што со употребата на техника на сенчање можат да се креираат најразлични дизајни. Апаратот е лесен за употребa. Magnetic Magic Chrome&Pigments се специјални пигменти за лесно и брзо креирање на блескави нокти со огледален ефект, најавуваат од Компанијата „Magnetic Macedonia“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука