Затворена за сообраќај улицата „Коста Абраш“
Охрид, 24. октомври 2016 (ОХРИДПРЕС) – Деновиве времено е затворена за сообраќај улицата „Коста Абраш“ во стариот дел на градот.
Во тек е реконструкција на улицата, предвидено според програмата за работа на Секторот за комунален развој, сообраќај и патишта.
Претходно беа реконструирани улиците „Кузман Капидан“, „Ангел Маринчев“ и „Кочо Рацин“. Градежните работи ги изведува фирмата „Бокоп“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Ohrid.gov
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |