friendsknifes

Приказни од животот: Зошто оној кому сме му помогнале сака да нè повреди?

Се сеќавам на нешто што ни го зборуваше старец Порфириј. Тој сакаше да ми објасни како е можно да му се помогне на човека, а потоа истиот тој човек кому му е помогнато не само да се расрди и да не му помогне, туку за возврат да му наштети на оној којшто му помогнал.

Старецот велеше: „Тоа е нешто што е природно.“ Го прашав: „Природно?“ „Да, мил мој. Тоа е природен одговор затоа што, сè додека ти живееш таа личност на која си ѝ помогнал помни дека ти е должна, и затоа мора да расчисти со тебе, за чувството на должност да престане.“

starecporfirijМи даде пример за некој човек кој му должел пари во времето кога старец Порфириј плетел џемпери за некоја продавница во Атина. Ми ја раскажа целата приказна. Тој човек потоа се обидел да му наштети за да се ослободи од него. Старецот велеше дека „сè додека таа личност те гледа, се сеќава на својот долг кон тебе, а тоа сеќавање му создава неудобност. Оттука, тој бара начин да се ослободи од тебе. Затоа, кога правиме добро некому, тоа треба да го правиме без негово знаење. На овој начин, тој нема да се чувствува задолжен. И така, не знаејќи од каде му дошла помошта, тој нема да може да го сврти доброто дело против вас, во нешто лошо, да речеме“.

Извадок од „Покрај старец Порфириј“