klinci1

Приказни од животот: Контролирајте го гневот

Живеел некогаш еден горд, полн со себе и избувлив млад човек. Еден ден, неговиот татко му дал вреќа полна со шајки и му рекол:

– Секогаш кога нема да можеш да го контролираш гневот во себе, или кога ќе се искараш со некого, излези надвор во дворот и заковај една шајка во оградата.

Првиот ден во оградата завршиле неколку шајки. Една недела подоцна младиот човек полека почнал да се контролира и бројката на шајки кои завршувале во оградата бил се` помал и помал. Со време научил дека е полесно да го контролира гневот во себе, отколку да става нови и нови шајки во оградата.

klinci2Конечно дошол и денот, кога младиот човек не ставил ниту една шајка во оградата. Кога тоа му го соопштил на неговиот татко, тој му кажал дека сега, секогаш кога ќе успее да го контролира гневот ќе треба да извади по една шајка од оградата.

Времето поминувало и дошол ден кога на оградата не останала ниту една шајка. Таткото му рекол:

– Беше одличен, но дали гледаш колку дупки има сега во оградата? Таа никогаш повеќе нема да биде како порано. Кога на некој човек ќе му кажеш нешто што е лошо и болно, во неговата душа остануваат исти вакви лузни, како дупките на оградата.