volci

Приказни од животот: За двата волка во нас

Стар и мудар Индијанец седел пред вигвамот со внукот. Дедото се трудел што повеќе мудрост да пренесе на саканиот внук, за да го подготви колку што можно за животот кој е пред него. Му ја раскажал оваа приказна.

– Во секој човек се води непрестајна војна. Тоа е така затоа што во нас живеат два волка, ја започнал приказната мудриот Индијанец.

– Како тоа два волка? – запрашал внукот.

– Едниот е многу лош! Тој ги претставува стравот, зависта, бесот, лажната гордост, егото, завидливоста, но и самосожалувањето и кривицата. Но, постои и добар волк! Тоа е радоста, спокојството, љубовта, надежта, ведрината, добрината, великодушноста, вистината и верата, раскажувал дедото.

– И… Кој волк победува? – прашал внукот без здив.

– Оној кој повеќе го храниш – кратко му одговорил мудриот Индијанец.