Нова викенд забава со Жармена Бенд во Queens Lounge and Cake Bar
Охрид, 3. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – И овој викенд Queens Lounge and Cake Bar за своите гости и посетители организира добра забава.
Вечерва ќе има забава со охридската музичарка Жармена Китрозоска.
Објектот на Queens Lounge and Cake Bar е веќе подготвен во Новогодишен амбиент, што ќе придонесе уште повеќе за добро расположение во пресрет на празниците. Гостите вечерва ќе се уживаат во хитовите во изведба на Жармена Бенд.
Забавата е со почеток во 21 часот, а можат да се направат резервации на телефонот: 075 32 66 32. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |