Избор Охрид Партии

Последен рок за барање за набљудувачи на изборниот процес

Скопје/Охрид, 6. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Државната изборна комисија информира дека е достапна апликацијата за проверка на податоците во Избирачкиот список за лицата кои ќе гласаат во дипломатско-конзуларните претставништва и конзуларните канцеларии во странство.

– Апликацијата за проверка на податоците во Избирачкиот список за граѓаните кои ќе гласаат во избирачките места на територијата на Република Македонија веќе е функционална и достапна, соопшти ДИК.

Денес исто така е и последниот рок до кога сите организации, домашни и странски, кои се заинтересирани и сакаат да го набљудуваат изборниот процес, треба да поднесат барање за овластување. (Крај)

извор: Државна изборна комисија фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука