Забележано намалување на трошоците на живот во ноември
Охрид, 8. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Трошоците на живот изминатиот месец биле намалени, споредено со индексот на цените во месец октомври.
Варирање имало кај поголем број производи. Минимално намалување на трошоците на живот имало кај овошјето, месото, маслото.
Во ноември помалку се плаќало за превоз на патници, информатичката опрема, книгите, терапевтските помагала и услугите за култура.
Додека пораст на индексот на трошоците на животот во ноември 2016 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај градинарските, кондиторските и другите прехранбени производи. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |