Јулијан Дракслер отстранет од клубот
Волфсбург, 10. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерот Јулијан Дракслер повторно прозбори за своето незадоволство што е член на Волфсбург и со тоа ја прели чашата кај управата на клубот, која реши да го казни одличниот офанзивец.
Волфсбург денеска ќе му гостува на Баерн Минхен на „Алијанц арена“, но Дракслер нема да биде во комбибација за овој меч откако првите луѓе на клубот донесоа одлука тој да биде отстранет од тимот до крајот на оваа полусезона и најверојатно продаден во јануари.
ПСЖ е подготвен да тргне по неговиот потпис, но францускиот првак ќе има сериозна коонкуренција од Јувентус и Арсенал. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |