Жозе Мурињо заинтересиран за Стефан Де Вриј
Манчестер, 10. декември 2016 (ОХРИДПРЕС) – Тренерот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо, не е задоволен од тоа како функционира одбраната на неговата екипа, па ќе се обиде да ја засили во наредниот период.
Португалецот ќе доведе нов дефанзивец кој би бил во тандем со Ерик Бејли, а се работи за холанѓанецот Стефан Де Вриј, кој настапува за италијанскиот калчолигаш Лацио.
Мурињо е подготвен да издвои 30 милиони фунти за овој фудбалер,надевајќи се дека со неговот доаѓање ќе ги разреши проблемите во последната одбранбена линија. (Крај)
извор: Спорт ТА фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |