superradiostudio

АВМУ: Супер радио е најдобрата локална радио станица за 2016 година!

Охрид, 17. јануари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со просечен дневен досег од 5,22% и неделен од 9,33%, Супер радио е убедливо најслушаната локална радио станица на годишно ниво во регионот и останува водечка во својот сегмент и една од најпопуларните радио станици во Република Македонија.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги го објави Годишниот извештај за 2016 година за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици што емитуваат програма на државно ниво преку сателит или преку јавна електронска комуникациска мрежа и на телевизиските станици што емитуваат програма на регионално и локално ниво.

anketagodisna1– Ова е само доказ дека со посветена работа, резултатите не изостануваат. Дека и без партиски донации и помош од локални „шерифи“ и „кметови“ може да се направи одличен медиум. ИМ БЛАГОДАРИМЕ на нашите слушатели затоа што го препознаа тој искрен однос кој го имаме со нив и што неколку години по ред ни ја укажуваат нивната максимална доверба. Никогаш не сме барале изговори, кога било најтешко, најмногу сме работеле и вложувале во медиумите. Тоа е тајната, нема друг „рецепт“ за успех. Она што можеме да го порачаме е дека 2017-та година ќе биде исклучително работна за нас, но се надеваме дека нема да изостанат и резултатите. Паралелно „туркаме“ неколку проекти – тоа се секако „Охрид во 10“, „Досие ОХРИД“, но и најновиот „Ohrid SUPER Star“, кој треба да стартува деновиве. Ние ги имаме најдобрите слушатели во најубавиот град на светот. Уште еднаш ВИ БЛАГОДАРИМЕ за довербата, велат од Супер радио.

anketagodisna2Супер радио беше најдобро и во четвртиот квартал на 2016-та година.

Анкетата е направена со телефонско интервју, а во истата се опфатени 2.400 испитаници и е репрезентативен примерок на ниво на Република Македонија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: 2S/ОхридПрес