Beat Fojc

Беат Фојц е новиот светски првак во спуст

Сент Мориц, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Беат Фојц е новиот светски првак во спуст откако патеката во Сент Мориц ја мина под една минута и 39 секунди и заслужено победи пред Ерик Геј и Макс Франц.

Беат Фојц вчера на домашен терен беше најбрз со време 1:38.91 минути, беше побрз од Канаѓанецот Ерок Геј за 12 стотинки, односно 37 стотинки од Австриецот Макс Франц.

Швајцарецот Беат Фојц, пред две години на Мундијалот во Бивер Крик беше трет. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива