policija4

Пијан охриѓанец во локал го нападнал обезбедувањето

Охрид, 13. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Поднесена е кривична пријава против 23-годишниот охриѓанец О.М. поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство” и „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 21-ви јануари годинава, во утринските часови во кафе бар на улицата „Партизанска” во Охрид, пријавениот под дејство на алкохол побарал да биде послужен со пијачка. Упатил закани кон сопствениците на објектот, кои во моментот не биле присутни во објектот. Вработените го повикале лицето К.Р. (40) од Охрид, кој работел како обезбедување на објектот. Пријавениот физички го нападнал К.Р. и уништил дел од инвентарот.

Откако бил изваден надвор од објектот, со тврд предмет го скршил стаклото од влезната врата. (Крај)

извор: МВР фото: архива