SVR_Ohrid

Охрид доминира во полицискиот билтен – дрога, сообраќајка…

Охрид, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со нарушувањата на јавниот ред и мир во текот на изминатиот период Охрид доминира во најновиот полициски билтен.

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 27-годишниот Д.Д. од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „,неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 04.10.2016 година околу 21:50 часот од страна на полициски службеници на улицата „Марко Нестороски“ затекнато е такси возило марка „Мерцедес“ со охридски регистарски ознаки во кое сопатник бил пријавениот. Притоа, кај истиот била пронајдена 42,01 грама марихуана и 0,32 грама марихуана помешана со тутун.

Во друг случај, СВР Охрид поднесе кривична пријава против 24-годишниот К.М. и две години постариот Д.А., двајцата од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсорси”. На 01.08.2016 година околу 22:50 часот од страна на полициски службеници било затекнато патничко возило „Форд Фокус“ со струшки регистарски ознаки во кое биле пријавените заедно со уште едно лице од Струга. Полициските службеници извршиле преглед врз лицата и во возилото и притоа кај првопријавениот пронајдена е кесичка со нето маса од 1,26 грама марихуана и на парче хартија мешавина од марихуана и тутун со нето маса од 0,85 грама, додека кај второпријавениот пронајдена е една кутија од цигари во која имало една рачно изработена цигара со нето маса од 0,47 грама која што претставува мешавина од тутун и марихуана.

Вчера, околу 11:05 часот се случи сообраќајна незгода на улицата „Билјанини извори“ во Охрид, во која е потешко повредено едно лице.

Синоќа околу 20:00 часот, при преглед на патничко возило марка „Мерцедес“, во населбата Рача во близина на Охрид се пронајдени околу 10 килограми опојна дрога марихуана. (Крај)

извор: МВР фото: архива