struga

Струга го надминува Охрид по бројот на угостителски објекти – ги има 163

Струга/Скопје, 14. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во југозападниот регион Струга е лидер по бројноста на угостителски објекти.

Според направениот најнов попис на капацитетите во угостителството на Државниот завод за статистика, вкупниот број на угостителски објекти во Струга е 163, со што го надминува Охрид. Општина Вевчани, пак има 14 угостителски објекти.

Додека бројот на објекти за сместување во Струга е 25, а во Вевчани 2.

Процентуално, учеството на Струга според бројот на угостителски објекти во Република Македонија е 3,7%. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива