policija

Девојка од Охрид спасена од скопска полиција да не падне од зграда

Охрид/Скопје, 15. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Дваесетгодишна девојка од Охрид, денес околу 12 часот сакала да скокне од 7 кат во зградата во која живеела во скопската населба Кисела Вода.

Таа била забележана од соседите кои на помош ја повикале полицијата. Полицајците успеале да ја убедат девојката да се повлече од прозорот и да седне со нив да разговара. (Крај)

извор: Плус Инфо фото: архива