FishCat

Филмската академија Охрид ќе го прикажува филмот „Fish & Cat”

Охрид, 16. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва во амфитеатарот на Филмската Академија Охрид ќе се прикажува филмот „Fish & Cat“ на познатиот ирански режисер Shahram Mokri.

Филмот спаѓа во жанрот мистерија/драма, а е снимен во 2013 година. Премиерно филмот беше прикажан на Венцијанскиот филмски фестивал на 6-ти септември 2013 година. Филмот беше номиниран во категоријата од неанглиско говорно подрачје на доделувањето на Оскарите.

Прикажувањето на филмот вечерва во Охрид е во 18:30 часот.

Влезот е слободен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива