ezero

УХМР: Нивото на Охридското Езеро е еден сантиметар над дозволениот минимум

Охрид, 17. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – При најновиот извршен хидро мониторинг, нивото на Охридското Езеро е еден сантиметар над дозволениот минимум, соопштува Управата за Хидро Метеоролошки Работи.

Нивото, пак, на Црн Дрим кај Ложани е далеку под просекот.

Повлекувањето на водата во езерото е најзабележливо покрај старото пристаниште, каде што има најголеми наноси и е најплитко.

Изминативе денови, пак Граѓанската иницијатива „Охрид SOS“, алармираше за појавата на масни дамки на местото каде имаш најголемо повлекување на езерото. „Охрид SOS“ ангажираше машински инженер да каже од што се масните дамки.

ohridsoszapovlekuvanjeezero1

За да се врати нивото на водата ќе треба неколку месеци, а и поволни временски услови. (Крај)

извор: ОхридПрес/УХМР/Утрински фото: архива