Хроника

Лице од Кичево затекнато со дрога во Охрид

Охрид, 17. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид поднесе кривична пријава против 28-годишниот Т.Т. од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги”.

На 30-ти јули минатата година, на паркинг во близина на хотел, полициски службеници извршиле преглед на возило, во сопственост на таткото на пријавениот.

Покрај менувачот, била пронајдена и одземена рачно изработена цигара со непозната растителна материја во кутија цигари. Пријавениот од непознато лице набавил опојна дрога марихуана од која им овозможил употреба на четворица негови другари. (Крај)

извор: МВР фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука