policija122-640x360

Во дом во струшко пронајдена марихуана и семки Канабис

Струга, 17. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Криминалистичката полиција од Струга поднесе кривична пријава против 39-годишниот М.К. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“.

На 13-ти октомври минатата година, во селото Луково полициски службеници извршиле претес во домот и други простории кај пријавениот. Пронајдени биле и одземени 13 пластични кутии, пет стаклени тегли и три најлонски пакувања со 78,83 грама марихуана и едно најлонско пакување со семки со вкупна нето маса од 32,3 грама, кои потекнуваат од растението „Канабис“. (Крај)

извор: МВР фото: архива