viteziodsosedstvoto

Следната недела промоција на стрипот „Витези од соседството“

Охрид, 17. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во четврток, 23-ти февруари, во Охрид ќе биде промовиран најновиот стрип на авторите Јордан Коцевски од Охрид (сценарист) и Дарко Богданов од Виница (илустратор).

Со охридската промоција започнува промотивниот караван на „Витезите“. Стрипот ќе биде претставен и во Скопје и Виница. Промотори ќе бидат издавачите Strip Kvadrat и авторите на стрипот.

Промотивната цена на графичката новела ќе биде 150 денари.

Настанот ќе се случува на 23-ти февруари, четврток, со почеток во 19 часот во Центарот за култура „Григор Прличев“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива