alexis sanchez

Алексис Санчез го напушта Арсенал?

Лондон, 18. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Најдобриот фудбалер и стрелец на Арсенал, Алексис Санчез, сака да го напушти клубот по завршувањето на сезоната.

Англиските медиуми пишуваат дека „капката која ја прелила чашата“ кај Санчез била меѓусебните обвинувања на фудбалерите во соблекувалната по поразот во Минхен.

Чилеанецот сакал да се врати во Серија А, каде за него заинтересирани се Јувентус и Интер, а доколку оди на некоја друга дестинација, на неговиот потпис чекаат ПСЖ и Атлетико Мадрид. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива