sasoblazeski

Списание од Романија пишува за уметничките дела на охриѓанецот Блажески

Охрид/Букурешт, 20. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во списанието за литература и визуелни уметности во Романија – Contrapunct, објавена е страница со кратка критика за уметничките дела на охридскиот уметник Сашо Блажески.

Афирмативните текстови за делата на Блажески се на Марилена Преда Санк. Ова романско списание е едно од првите, кое е насоченот кон литературата и визуелните уметности.

sasoblazeskisliki

Кон крајот на минатата година охридскиот уметник Сашо Блажески ја постави својата изложба „Mirrors of reality” во галеријата Art Yourself Gallery од Букурешт. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива