ohridrakomet

„Гладијаторите“ славеа во Грција – Охрид со лесен триумф над Одеса

Охрид, 22. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Ракометарите на Охрид одиграа меѓународен тест натпревар со грчката екипа Едеса и победија со 32:24.

Триумфот на „гладијаторите“ во Воден е втор од подготвителните натпревари. Охриѓани претходно славеа против Прилеп, а претрпеа пораз од Вардар Јуниор во Скопје, јави порталот 24rakomet.mk.

Избраниците на Горан Андоновски в петок во СРЦ „Билјанини Извори“ со почеток во 20:00 часот против составот на Еурофарм Работник ќе одиграат нов контролен натпревар. Регуларниот дел од Супер Лигата продолжува следниот викенд, а Охрид во првата рунда од преостанатите четири ќе се сретне со лидерот на табелата „Пелистер“. (Крај)

извор: 24rakomet.mk фото: 24rakomet.mk