PortoCasiljas

Комплетирани осминафиналните дуели во ЛШ

Порто, 23. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Фудбалерите на Јувентус се на чекор до четвртфиналето во ЛШ, откако во првиот осминафинален меч славеа во Порто со 2-0, додека Лестер избори поволен резултат пред реваншот со Севилја.

Јувентус ја искористи предноста од играч повеќе и со головите на Пјаца во 72-та и Дани Алвеш во 74-та славеше против Порто.

Sevilja

Севилја иако во текот на целиот доминираше против Лестер, на крајот англискиот првак задоволен го напушти „Санчез Писхуан“.За домаќините погодија Сарабија во 25-та и Кореа во 62-та минута , додека стрелец на голот за Лестер беше Варди за конечни 2-1. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива