Liga Evropa

ЛЕ: Краснодар, Манчестер Јунајтед и Шалке се пласираа во осминафинaлето

Гелзенкирхен, 23. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Екипите на Краснодар, Манчестер Јунајтед и Шалке се првите тимови кои обезбедија пласман во осминафиналето од Лига Европа.

Краснодар успеа да го елиминира Фенербахче со вкупен резултат 2-1,по триумфот од 1-0 во првиот натпревар рускиот тим вчера изигра 1-1 во реваншот во Истанбул.Манчестер Јунајтед во Сент Етиен замина со предност од 3-0, а успеа да слави и во реваншот со 1-0. Шалке го пречека ПАОК по победата од 3-0 во првиот меч одигран во Солун, а вчера резултатот беше 1-1.

Останатите реванши во Лигата на Европа ќе се одиграат денеска. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива