iskusijamakedonija

Авантуристичкиот туризам во Охрид на саем „Ис(в)куси ја Македонија“

Скопје/Охрид, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Денес и утре во Скопје ќе се одржи саемот “Ис(в)куси ја Македонија“, наменет за традиционална македонска храна и активен туризам.

Меѓу другото, на саемот ќе бидат презентирани можностите за развојот на активниот туризам во Охрид, сегмент кој помалку е застапен при промоцијата на градот. Конкретно, организаторите на саемот ќе претстават дел од туристичката понуда за летање со параглајдер над Охридското Езеро.

Освен активниот туризам од Охрид, на саемот ќе се промовира и Галичник, зелено вино од Кавадарци, овошен локум од Крушево, преку 30 вкусни, традиционални производи кои не се редовно достапни во Скопје, а ќе бидат на продажба.

Саемот се одржува во „Рамстор Мол”. Саемот „Ис(в)куси ја Македонија“ е организиран од Проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси, кофинансиран од Владата на Швајцарија, во соработка со Рамстор Мол и Локалните акциски групи од пелагонискиот, вардарскиот, полошкиот и североисточниот плански регион. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива