saembelgrad

Охрид се презентира на саем за туризам во Белград

Охрид/Белград, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот од денес до 26-ти февруари ќе учествува на саемот за туризам во Белград.

Охрид како туристичка дестинација, која е една од најпосетуваните токму од туристите од Србија, ќе биде претставен на овој меѓународен саем.

Ќе бидат присутни туристички работници и хотелиери кои ќе ги презентираат туристичките потенцијали на Охрид. На саемот ќе се презентираат и останатите туристички места во Македонија, традиционалната храна, вино.

Изминатиот период Охрид беше презентиран на туристички саем во Бугарија, а вечерва дел од туристичката понуда на градот се претставува на саемот „Ис(в)куси ја Македонија“, кој се одржува во Скопје. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива