Klaudio Ranieri

Лестер му врачи отказ на тренерот Клаудио Раниери

Лечестер, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Актуелниот англиски првак Лестер му врачи отказ на тренерот Клаудио Раниери, човекот кој пред девет месеци на клубот му ја донесе историската титула.

Лестер оваа сезона игра лошо и на 25 натпревари во Премиерлигата забележа само пет победи, шест нерешени и 14 порази и со 21 бод се наоѓа на 17-то место со само два бода повеќе од двете последни екипи Кристал Палас и Сандерленд.Екипата е на пат да стане првиот тим уште од 1938 година кој по освоената титула, во наредната сезона испаднал од елитата.

Според англиските медиуми, во игра се четири главни кандидати, од кои во преден план се наоѓа поранешниот тренер на Манчестер сити, Роберто Манчини, а во игра се и Алан Пердју,Мартин О’Нил и Најџел Пирсон. (Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива