MarseloBrozovic - nedela

Марсело Брозовиќ подготвен за дербито со Рома

Милано, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – Марсело Брозовиќ се враќа во екипата на Интер за неделниот дерби дуел против Рома во Серија А.

Тој ја санира повредата на прстот на ногата поради која паузираше во изминатиот период. Тренерот Пиоли за медиумите изјавил дека со него во тимот Интер е многу покомпактен.

Хрватскиот интернационалец го скрши прстот на ногата при еден дуел со Миралем Пјаниќ на дербито против Јувентус.(Крај)

извор: Спорт ТА фото: архива