atletikasala

Мироска утре ќе се натпреварува на Балканско првенство во сала за сениори во Белград

Белград, 24. февруари 2017 (ОХРИДПРЕС) – За претстојното Балканско првенство во сала за Сениори/ки, кое ќе се одржи утре во Белград, Атлетската федерација на Македонија ќе учествува со 8 атлетичари и 3 тренери.

Натпреварот ќе се организира во Комбак арена, а ќе учествуваат 300 натпреварувачи од 15 земји членки на АБАФ.

Охриѓанката Мартина Мироска ќе се натпреварува во дисциплината скок во далечина.

На првенството покрај Мироска ќе учествуваат атлетичарки и атлетичари и од Скопје и Куманово. Селектор е проф. Ѓорѓи Вучков, додека тренери на нашите атлетичари се проф. Божурка Ѓошевска и проф. Кристијан Кајчевски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива